Како да се ослободите од влакненцата на лицето?

popara7 јуни, 20202min00
unnamed

За сите кои сакаат да се ослободат од влакненцата на лицето, имаме разни опции.

Што ги предизвикува?

Влакненцата на лицето доаѓаат во разни облици, големини, бои и густина. Од праскина мов на образите до оние потемните кои се формираат на работ на косата. Да не ги заборавиме дебелите, груби влакна кои можат да се соберат на вратот и брадата кои предизвикуваат паника кога ќе се соочите со нив во огледалото. Пред да почнете да ги отстранувате важно е да знаето што ги предизвикува. Одговори за тоа ни дава водечкиот професионалец во таа област, др. Стефани Вилијамс, дерматолог и директор на специјалистичката клиника за кожа, Еудело:

1.Етничка припадност и генетика

Тоа е понекогаш во семејството, помеќу одредени етнички групи. На пример медитеранските жени, во Азија и на Блискиот Исток се поподложни на влакненца на лицето.

2.Кушингов синдром

Иако е невообичаен, втора причина за вишок на влакненца може да биде Кушинговиот синдром, односно кога телото претерано го лачи хормонот кортизол, или друго пореметување на надбубрежната жлезда.

3. Хормонски дисбаланс

И мажите и жените имаат машки хормони. Меѓутоа, ако рамнотежата меѓу нив е пореметена, кај жените последица на тоа можат да бидат влакната на лицето. Затоа жените со полицистични јајници се склони кон косматост на лицето.

Како да се ослободите од нив?

Со крема

„Ги отстранувам влакненцата над горната усна од 14 година откако во фиоката на мајка ми пронајдов Веет“, вели докторката. Кремата за депилирање нуди брзо и безболно решение. Лоша страна? Алкалните материи во нејзиниот состав ги разградуваа влакненцата и можат да предизвикаат иритација на кожата. Најдобра е за помали површини на кожата.

Восок

Депилацијата со восок е најдобро да се препушти на професионалци. Козметичките салони имаат повеќе формули за различни типови кожа и тоа од оние кои делуваат. Еден потег со траката и залисците исчезнуваат дури и до три недели. Но ако восокот доаѓа во контакт со кожата и таа е чувствителна, можни се иритации. Покрај тоа некои влакненца можат да се скинат и тоа доведува до зараснување во кожата. Најдобро е за влакненца до 3 милиметри, веѓи, над горна усна и залисци.

Трединг

Тредингот, или отсранување на влакненца со конец, и корнењето се многу слични. Влакното се фаќа и со брз потег се истегнува. Сите го знаат митот, колку повеќе корнете толку повеќе растат, но тоа не е точно. Исто така и ова може да доведе до зараснување во кожата, но поретко до иритации. Најдобро е за веѓи, над горна усна и брадата. 

Бричење

Без разлика дали се работи за жилет, апарат или Dermaplaning, секогаш ќе гласам за бричење. Тоа е наједноставната и безболна опција. Тоа не значи дека е совршена. Влакната брзо растат повторно и пошто се пресечени на половина, растат тапи, па изгледаат подебели. Освен тоа морате да внимавате да не се исечете и на чистината на жилетот за да не добиете инфекција. Добро е за сите видови влакна.

Ласер

Третманот со ласер е единствен со минимално повторно појавување и е ефект кој трае. Потребни се 4-6 третмани за да приметите поголема разлика. Подобар е ефектот кај потемните бои на косата зашто има подобар контраст меѓу кожата и косата. Сепак, ништо не е вечно, ќе мора да одите на одржување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag