Без оглед на тоа колку сте убави, шармот е квалитет што привлекува и влијае на тоа колку ќе бидете интересни, допадливи и привлечни
Ако чувствувате дека не сте доволно шармантни и сакате да го промените тоа за некого да маѓепсате, еве што треба да направите
„Променете го гласот“
Студија спроведена во 2014 година покажа дека луѓето кои зборуваат со низол тон, малку „рапав“, други ги перцепираат како луѓе на кои не можат многу да им веруваат, кои се помалку образовани и допадливи, отколку луѓето со „нормален“ глас.
Глас што е пријатен за уво дефинитивно ќе го привлече вниманието на луѓето и веднаш ќе бидете пошармантни.
Вежбајте брзо размислување
Студијата покажа дека луѓето кои размислуваат брзо, практично „во движење“, имаат поголем шарм од другите. Истражувањето открило дека луѓето кои се во можност побрзо да одговорат на некои прашања или ситуации, другите ги перцепираат како пошармантни, без оглед на тоа колку се паметни и кои други карактеристики ги имаат. Плус, брзото размислување може да ви помогне да бидете по духовити, и тоа секако е многу привлечно.
Не се фалете
Студија на Харвард откри дека додека луѓето се фалат за да го привлечат вниманието на другите, луѓето всушност не реагираат позитивно. Напротив, тие ги доживуваат фалбаџиите како неискрени и не им се допаѓаат. Затоа, не потенцирајте дека сте летале во прва класа на одмор, на пример.
Работете за да бидете личност од доверба
Луѓето ги привлекуваат оние кои оставаат впечаток на луѓе на кои им се верува. Без разлика дали станува збор за работа, пријателство или љубовна врска, секој сака личност на која може да и верува. Личност која зрачи со топлина, исто така се смета за многу шармантна и допадлива.
И не заборавајте – искреноста, тимскиот дух и љубезноста се пошармантни од било што друго. Нормално и смислата за хумор може да помогне.