Главниот предизвик за здравјето на целото човештво во моментов е КОВИД-19, односно корона вирусот што се прошири низ целиот свет.
За борба против овој вирус, најдобра превенција е хигиената – редовно миење на рацете, дезинфекција на површините во домот кои честопати ги допираме и носење заштитна маска и раквици.
Ајурведската (индиска) медицина потенцира дека за спречување на корона вирусот подеднакво е важно да се зајакне имунитетот со природни лекови, така што доколку дојдете во контакт со вирусот, телото може полесно да се справи со оваа респираторна инфекција.
Не треба да ги занемариме бенефитите од лековитите билки. Можете да користите билки кои се достапни во вашата област: глуварче (лист и цвет), нане, маточина, целер, оман итн. Експертите исто така препорачуваат да ставите две до три капки масло од сусам во грлото во текот на денот. Ова масло ќе ги прочисти дишните патишта (нос, синуси, грлото, белите дробови) и ќе ви помогне да дишите правилно и без потешкотии. Билките како што се guduchi или босилек, во комбинација со бибер, ѓумбир и куркума, го зајакнуваат имунитетот и го штитат организмот од разни форми на инфекции.
Не заборавајте на техниката за дишење пранајама – свесно и правилно дишење е неопходно за правилно функционирање и здравје на белите дробови.