Како изгледа љубовта во време на корона? Совети од стручњаците за безбедно водење љубов за време на пандемија

popara4 јуни, 20201min00
imageedit_112_9470957649

Затворени сте дома, имате повеќе време од обично и можете да се посветите еден на друг…Но внимателно. Еве што советуваат лекарите за како да водите љубов за време на пандемија.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио вчера најави дека планира потполно да го изолира градот за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во Њујорк има околу 8,6 милиони жители, од кои 4.400 се заразени, а од последица на ковид-19 починале 114 лица.

Бидејќи таа голема бројка на луѓе ќе треба да останат затворени дома на неодредено време, Градскиот секретаријат објави прирачник за практикување безбеден секс за време на пандемијата.

  • „Вие сте вашиот најбезбеден сексуален партнер“ се наведува во прирачникот, а граѓаните се потсетени дека треба да ги мијат рацете и евентуално сите помагала кои ќе ги користат.

Освен самозадоволувањето, „следниот најбезбеден партнер е некој со кој живеете“, но се советува да се прескокне сексот ако некој од партнерите не се чувствува добро.

Преку бакнувањето и така и плунката може лесно да се пренесе респираторната инфекција од коронавирусот, но самиот вирус сеуште не е откриен во другите телесни течности кои се лачат за време на односите, пренесува „Гласот на Америка“.

  • „Знаеме дека другите видови на корона вирусите не се пренесуваат ефикасно преку сексуален пат“ – се наведува во упатствата.

По природни непогоди како урагани или тцунами, во многу градови се случува феномен наречен „беби бум“, односно скок во бројот на новородени бебиња, па тоа е веројатно причината што ги навела властите на Њујорк да го објават овој прирачник, во кој се препопрачува на Њујорчани да користат и “ефективни контрацептивни средства“ во наредните недели.

Властите исто така препорачуваат дека не е добар момент за запознавање партнери онлајн, а на сите им се препорачува да ги сведат своите социјални контакти на минимум. Држење растојание во друштво на два метра е сеуште основната препорака, како и тоа дека што и да правите, постојано треба да ги миете рацете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag