Како изгледаат познатите личности зад решетки? Ова се нивните затворски приказни…

popara4 април, 20203min00
paris hilton

Бројни холивудски ѕвезди поради различни причини минале извесно време зад решетки.

Покрај гламурозниот живот, ѕвездите честопати се придружени со скандали и озборувања, а многу од нив често завршуваат во затвор поради своето однесување. Ова се нивните затворски приказни.

Актерката Линдзи Лохан завршила во затвор бидејки не се појавила во клиниката за одвикнување од алкохол како што и одредил судот. Како резултат на тоа таа добила затворска казна со времетраење од 90 дена. Нејзините фотографии го обиколија светот. Пред неколку години, Парис Хилтон завршила зад решетки. Богатата наследничка возела пијана со неважечка возачка дозвола и била фатена од полицијата. Таа добила 45 дена затвор.

Актерот Мел Гибсон бил уапсен во 2006 година, а подоцна обвинет за антисемитизам. Тој бил фатен во Калифорнија во Малибу, а актерот подоцна кажал дека е навреден и изјавил дека Евреите се причина за сите војни во светот. Полицискиот службеник кој го запрел го снимил тој момент, а подоцна снимката ја продал на медиумите.

Чарли Шин има одлична кариера што се однесува до проблемите со власта. Актерот бил уапсен на Божиќ во 2009 година поради насилство на тогашната сопруга Брук Мулер во Аспен. Тие го ослободиле истиот ден, а тој морал да плати 8.500 долари. Подоцна бил обвинет уште неколку пати, а исто така е познат по неговите испади за кои завршува во ќелија барем неколку часа.

Комичарот Расел Бренд бил лут на папараците и наводно му фрлил мобилен телефон низ прозор на фотографот кој го прател. Полицијата веднаш поднела тужба против актерот, но тој ја избегнал затворската казна и на крај платил сè.

Макајај Кулкин, ѕвездата на филмот „Сам дома“, одамна е познат по своето погрешно однесување. Бил затворен за поседување дрога. Честопати кај проблематичниот актер пронаоѓале марихуана, апчиња и разни други лекови, а досега платил огромна сума на пари за да излезе од тоа.

Актерката Хедер Локлир, која со години се бори со зависноста од алкохол, била исто така осудена на затворска казна. Таа нападнала полицаец и била осудена на затвор и задолжителна рехабилитација.

Не се само актерите непослушни. Музичарот Ник Картер од групата „Бекстрит Боис“ исто така може да се пронајде низ фотографиите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag