Како кафето делува на кожата?

popara8 мај, 20201min00
кафе

Дали некогаш сте помислиле како кафето делува на нашата кожа?

И дали воопшто кафето е добро за нашата кожа?

Низ годините се правеле многу истражувања во однос на кафето и кожата и откриени се многу интересни работи.

1. Кафето може да го намали ризикот од рак на кожата

Во една студија докажано е дека кафето може да го намали ризикот од рак на кожа дури за 20 проценти. Особено се покажало ефикасно како заштитник од агресивен облик на малиген меланом.

2. Кафето создава стрес- а стресот лоша кожа

Кофеинот ја поттикнува надбубрежната жлезда да произведува адреналин и кортизол и нè става во состојба на стрес. Зголемената консумација на кафе ја влошува состојбата на кожата.

3. Дали кафето ја суши кожата?

Кај умерена консумација на кафе не е востановено сушење на кожата. Но бидејќи кафето е дигестив, поголемата конзумација на кафе предизвикува често мокрење, а со тоа и дехидрираност на организмот.

4. Млекото во кафето предизвикува акни

Кој пие кафе со млеко а пати од акни, треба да се обиде да го пие кафето со соино млеко, или без млеко.

5. Кафето како оружје против стареење

Кафето содржи антиоксиданси кои на нашето тело му помагаат во борбата против слободните радикали и го успоруваат процесот на стареење.

6. Кафето го штити црниот дроб, а со тоа и кожата

Оние кои пијат кафе заболуваат од рак на црниот дроб за 40 проценти помалку од оние кои не пијат кафе. Кофеинот може да делува против фиброза на црниот дроб.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag