Како кучињата можат да го намирисаат коронавирусот?

popara26 мај, 20201min00
куче

Првите истражувања во Финска ги изненадиле научниците- кучињата брзо научиле да ја намирисаат заразата со коронавирус.

Успехот бил воодушевувачки- по неколку неделен тренинг, кучињата речиси без грешка можеле да го разликуваат мирисот на урина кај лицата позитивни на коронавирус.

Кучињата го идентификувале мирисот на корона подеднакво сигурно како стандардните ПЦР тестови кои се применуваат насекаде во светот. Доколку биде сè во ред, оваа метода ќе започне да се применува во пракса.

Сè уште не е јасно која супстанца и дава на урината карактеристичен мирис. Се претпоставува дека урината го менува својот мирис бидејќи вирусот може да ги оштети и бубрезите.

Бараат само еден мирис

Кучиња кои детектираат болести не е нова работа. Веќе подолго се знае дека тие можат да детектираат повеќе болести како тумор или Паркинсон пред да ја открие лекар.

Кучињата имаат околу милион пати подобар осет за мирис од луѓето. Ако човекот има околу 5 милиони клетки за сетило за мирис, јазовичарот има 125 милиони, а германскиот овчар има 220 милиони.

Најдобри раси за ваков тренинг се лабрадори и ретривери генерално, кокер шпаниел и разни видови на овчари. На тренинг едно куче се обучува за еден вид на мирис- дрога, сксплозив, пари, огнено оружје или болест.

Помош на аеродроми?

Иако кучињата се докажани помагачи, како професионалци често работат за војската и полицијата, но ретко во медицински установи.

Доколку финските сознанија се потврдат, кучињата можат да бидат од голема помош онаму каде што има голем промет на луѓе, како фудбалски стадиони, аеродроми…

Тие можат да направат разлика од здрави и заразени лица. Исто така, кучињата можат да намирисаат згради кои се испразнети заради коронавирус, а потоа биле дезинфицирани, како што се старските домови или болници. Тука би можел да се врати животот кога кучињата ќе дадат зелено светло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag