Како квалитетниот сон е поврзан со здравото варење на храната?

popara23 април, 20201min00
son

Како најчеста причина за цревна пропустливост се наведува нездравата исхрана, но научниците од Клиничкиот центар „Champalimaud“ и Медицинскиот факултет во Лисабон откриле дека проблемот, исто така, настанува како резултат на деноноќниот ритам на сон и будност што природно е „програмиран“ во нашите мозоци.

Нашиот биолошки часовник директно влијае на имунклетките кои ги штитат цревата од штетни бактерии и ја регулираат апсорпцијата на маснотии. Поради нарушување на циркадијанскиот ритам, како резултат на недостаток на сон и „заменување на денот со ноќта“, го намалуваат бројот на имуноклетките и ја ослабнуваат нивната заштитна функција, правејќи ги цревата поподложни на оштетување, воспаленија и прекумерна акумулација на маснотии. Затоа за здравјето на цревата е важно да имате добар ноќен сон, препорачуваат португалските научници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *