Ник Џонас на социјалните мрежи објави романтична честитка на Пријанка Чопра за нејзиниот 38-ти роденден.
Одбележувањето на 38-от роденден на индиската актерка Пријанка Чопра дополнително го разубави и зачини нејзиниот десет години помлад сопруг, музичарот Ник Џонас, кој на социјалните медиуми и посвети романтична честитка.
“Можам да гледам во твоите очи засекогаш. Те сакам, бебе. Ти си најгрижливата и најпознатата личност што некогаш сум ја запознал. Јас сум многу благодарен што се најдовме едни со други. Среќен роденден, убавицо”, напиша младиот Ник покрај фотографијата во која Пријанка му седи во скут додека се гледаат заљубено.
Ник и Пријанка се венчаа во декември 2018 година во некогашната кралска палата на Умаид Бахад во индискиот град Јодпур Раџастан. Свадбата беше многу раскошна и траеше три дена, со 250 најблиски пријатели и членови на семејството.
Ник и предложил брак на Пријанка само по два месеци врска во Лондон, а тој го одбрал прстенот за свршувачка во познатата продавница за накит Тифани, која наводно ја затвориле за тој да може да го избере совршениот прстен на мир.
Во едно од интервјуата, Ник изјавил дека Пријанка го освоила на прв поглед.
Ја спуштив чашата за пијалок, клекнав пред неа, пред толпата луѓе и реков: „Ти си вистинската. Каде беше целиот мој живот?“ И, реков сето тоа гласно “, откри Ник.
Иако заради големата разлика во годините тие се најдоа во цел на потсмев и шеги дека неговата сопруга изгледа како мајка, но славната двојка тоа го игнорира, а од ден на ден се чини дека се повеќе и повеќе заљубени, и тоа редовно го покажуваат на социјалните мрежи и каде и да е се појавуваат заедно.