Како Мерлин Монро: Мраз од камилица и жалфија за совршен тен!

popara4 јули, 20202min00
bilki

Холивудската дива, секое утро го практикувала овој трик за еластична и свежа кожа.

По мислењата на многумина, една од најубавите и најсексипилните дами на сите времиња, Мерлин Монро, практиклувала секое утро лицето да го мачка со мраз. а доколку ова го правела Мерлин, зошто да не ги следиме нејзините совети?

Доколку се прашувате што се случува со лицето по оваа процедура, објаснувањето е едноставно – крвните садови се стеснуваат, капилаите се полнат со крв, а кожата почнува да диши. Мразот е одличен и за надуеност на лицето и за темните кругови под очите, особено ако го правите со билки кои имаат антиинфламаторно дејство, како што имаат жалфијата и камилицата.

Сепак, пред да го практикувате советот на дивата, осврнете се на вашата дневна рутина, битно е да запомните неколку информации:

1. Никогаш не користете директно вода од чешма. Користете варена, филтрирана или негазирана минерална вода.

2. Чувајте го козметичкиот мраз во замрзнувач не повеќе од 10 дена.

3. Земете го во обзир типот на вашата кожа. Сувата кожа лошо влијае на мраз.

4. Лицето бришете го со коцка мраз не подого од 3 минути.

5. Благо поминувајте низ кожата со коцка мраз: од центарот на челото кон слепочниците, од брадата кон ушите, од носот кон слепочниците- на сличен начин како кога правите Зоган масажа за подмладување на лицето.

Како да подготвите мраз по рецеп на Мерлин Монро.

Козметичкиот лед можете да го спремите со помош на лековити билки: нане, камилица, жалфија или било кои ваши омилети тревки.

Нането е корисно за средновековна кожа на лице. Жалфијата ги регенерра ќелиите на кожата и одлично е за проблематична кожа. Мајчината душица ја прави кожата свилена и мека. Сок од Алое вера спречува појавување на порите и благо ги елиминира веќе постоечките, ги лечи акните, црнките и бубулките. Камилицата делува против рани и го тинизира лицето.

Рецепт:

Две супени лажици исечкана трева, прелијте ја со пола литар зовриена вода. Поклопете го и оставете го неколку часа. Откако ќе се олади, може да го исцедите и течноста да ја ставите во калапчиња за мраз. Напоменуваме дека ваков мраз не треба да се користи повеќе од 10 дена.

Како се користи?

Најубаво е кожата да ја мачкате со мразот секое утро. Не само што побрзо ќе се расоните, туку и на брз начин ќе ја намали подуеноста на лицето и ќе го направи да изгледа одморено, особено ако не сте спиеле доволно. Не заборавајте да се намачкате на вратот и во зоната на деколтето.

На вас е да пробате и да проверите дали ви одговара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma