Коронавирусот ги донесе модните брендови на колена, поради што многумина од нас деновиве добиваат големи попусти. Како да се „одбраниш“ и да се одлучиш само за оние парчиња што ќе ги носиш навистина долго време?Деновите на самоизолација, загуба на работа или клиент, промени во животниот стил – сето ова не поттикнада носиме повнимателни одлуки, барем така треба да биде. Темата „Како да купуваш паметно“ всушност би можела да се поврзе со темата „Како да го пронајдете вашиот стил“, а ова може да изгледа многу полесно во денешно време отколку што е навистина. Еве неколку упатства што можат да ви помогнат.
Научете да кажете не
Попустите и поволните цени не мора да значат поволни понуди за вас. Започнете со вашиот сопствен плакар и направете список. Што ви недостасува, која облека е клучна за секој ден, како сакате да се чувствувате во неа. Визуелизирајте ги ситуациите во кои ќе се најдете во наредните месеци, за една година и размислете дали сè уште ќе ви се допадне тоа парче облека? Врз основа на овие одговори, направете список и барајте само такви парчиња на веб-продавниците. Игнорирајте го тоа здолниште за „некаков настан во природа“, ако воопшто не одговара на вашиот стил .
Бои, исечоци, материјали
Со текот на годините, веројатно веќе научивте кои бои ви одговараат, а кои не. Исто е и со облеката.Имајте го во предвид тоа кога купувате ново парче и немојте да мислите дека можеби оваа сезона ќе ви стои поинаку. Држете се до вашето знаење,како и до соодветните големини (честопати мислиме дека помал или поголем број ќе ни одговара повеќе). Исто така, прочитајте ја содржината на материјалот на парчето облека.
Некои работи едноставно се преценети
Да бидеме искрени – колку пари реално е во ред да се платат за нов фустан. Запомнетедекаова е самопарчеоблекавокоеќеодитенакафеилина вечера. Да, сакатедабидеубав и пријатен, носепактоа е самофустан. Направетедоговорсосебеи бидетеискрени. Вовременакоронавирус и криза, сигурноневитребанепотребенминуснавашатасметка.