Ако ви е здосадено од мачното миење на тавите за пржење кои имаат траги од согорувањето на маснотиите, следете ги нашите совети.
Еве три лесни начини за чистење садови по што тие ќе светнат како нови.
Излупете компир и преполовете го
На половината од компирот ставете сода бикарбона. Со таа страна од компирот чистете ја замастената површина. Овој метод бара малку повеќе напор, но резултатот е пред вас.
Ќесичките од чајот исто така можат да ви помогнат да ги исчистите садовите
Со неискористена ќесичка за чај ќе го триете валканиот сад. Ќе видите дека ќесичката полека апсорбира нечистотија и маснотии. Ќе ви бидат потребни 2 ќесички за чистење на една тава.
Комбинацијата на сода бикарбона и врела вода ќе биде многу корисна
Ставете 4-5 лажички сода бикарбона и малку вода во поголема тава. Загревајте на средна температура и гответе околу половина час. Потоа лесно ќе ја избришете изгорената маст.