Месото во маркетите пристигнува во ралични облици и не е баш лесно да се оцени кое месо е свежо и квалитетно
Долколку немате искуство со купувањето месо, тогаш сигурно одењето во месaрница тешко ви паѓа. Дали месото кое сте го купиле е свежо или долго стоело во ладилниците, која боја треба да биде свежото месо и сличните дилеми ќе ги разрешите кога ќе ги видите клучните совети за купување на овие намирници.
Покрај информациите напишани на амбалажата треба да се обрати внимание и на изгледот на месото. Елизабет Ројсики, од Гермаскиот земјоделски центар, вели дека иако многу луѓе сметаат дека маснотиите во месото се многу нездрави, тие сепак на месото му даваат многу повеќе од „само арома“.
Квалитетното месо мора да има малку внатрешни маснотии, а тоа се белите линии низ месото кои наликуваат на вени, вели Елизабет и додава дека во запакованото месо не смее да има вода т.ш многу е битно месото добро да се исцеди пред да се стави во замрзнувач.
Боја
Идеалната боја зависи од видот на месото. Свежото пилешко месо треба да има светла боја и не смее да биде темно околу коските, додека пак свинското месо треба да биде светло розево и никако не смее да има сиви делови по него. Јунешкото месо треба да биде црвено, да има цврста текстура, прошарано со ситни жили, а телешкото месо треба да има светла боја, но тоа не значи дека треба да е бело, а самото месо би требало да биде меко и без маснотии. Јагнешкото месо треба да е светло розево со цврста и еластична текстура и треба да има специфичен мирис.
Цврстина
Друг начин за проверување на месото пред купување е тaкашто ќе го притиснете месото со прст. Ако веднаш се врати во првобитната состојба, односно не останува вдлабнатина на него тоа значи дека месото е свежо, во спотивно месото не е свежо.