Ако вашиот партнер изневерувал во предходната врска за да биде со вас, големи се шансите тој да ве изневерува и вас. Џош Фостер, автор на студијата и професор на Универзитетот во Алабама, го потврди овој заклучок на студијата и рече:„Поединците кои започнале нова врска со мамење на својот поранешен партнер, се многу помалку посветени, помалку задоволни и помалку инвестираат во љубовни врски од оние што не започнале врска со мамење“.
Резултатите, исто така, покажаа дека повлечените луѓе, наспроти оние што се отворени и дружеубиви, многу поверојатно ќе стават крај на постоечката врска заради нов партнер и дека многу често имаат непожелни особини како ароганција, егоизам и себичност и се социјално пасивни.
Значи, заклучокот е јасен – изреката: „Еднаш измамник, секогаш измамник“ е апсолутно точна!