Како вашата љубов да цвета 365 дена во годината?

popara3 септември, 20201min0
db6253fac5067fa394b8255565a1dd95c0474f28_articlemain


1. Угодувајте си едни на други.

Некоја убава изјава или комплимент упатена до вашиот партнер или мала ситница како пријатно изненадување треба да бидат присутни во вашиот живот секој ден. Овие постапки ќе се потсетуваат едни со други повторно и повторно колку се сакате и колку се грижите за врската. Секогаш е убаво да се знае дека некој, и покрај сите свои обврски и тешкотии, помислил на тебе и колку едвај чека да те види повторно, да те гушне, да те бакне. Не заборавајте само дека колку повеќе го сакате, толку повеќе ве сака вашиот партнер.

2. Бидете пријатели.

Секоја здрава врска мора да има пријателство во својата основа, скриено под романтичните чувства. Однесувајте се кон вашиот партнер со истото внимание и почит што им го давате на блиските пријатели. Поддржувајте се, слушајте се и смејте се заедно. Не дозволувајте да бидете груби и непочитувани!

couplegoals #couplegoalspage #couplegoalsdq #couplegoalsmotivation  #couplegoalslove #couplegoalsfashion #couplego… | Couple amoureux, Couples  mignons, Couples ados

3. Бидете свои.

Многу е важно да не заборавите кој сте во врска. Секој мора да научи да балансира помеѓу потребите што ги чувствува како индивидуа и оние што ги чувствува како дел од двојка. Имајте слободно време, поминете време со партнерот.


4. Останете поврзани.

Паровите треба да поминат многу време заедно. Не мора да го поминувате секој слободен момент заедно, но важно е да не ги избегнувате и вашата врска да не се сведува на повремени разговори. Иако не постои точно одредено време што е пожелно, дефинитивно треба да поминете барем половина час на ден во разговор и интимност со вашиот партнер.

5. Расправајте се паметно.

Во секоја врска, вклучително и во романтичната, кавгите се неизбежни. Воопшто не е важно колку се расправате или зошто се расправате, важно е како се расправате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma