Како витаминот Ц влијае на IgG и IgM антителата и лечењето од Ковид

27 декември, 2020
shutterstock_1749015944

Улогата на витамин Ц во одржувањето на функцијата на одбранбениот систем е недвосмислена. Имено, познато е дека витаминот Ц ја подобрува ефикасноста и на вродена и на стекната имунолошка реакција. Витаминот Ц покажува антивирусно дејство затоа што го стимулира производството на интерферон, примарна реакција на одбраната на присуството на вирусот во организмот домаќин.


Витамин Ц и антитела

Витаминот Ц исто така го забрзува производството на лимфоцити и ги активира макрофагите (преку интерферон). Го зголемува производството на антитела, особено на IgG и IgM класи. Неопходно е за синтеза на компонентата C1q на комплементот, која е вклучена во лизата на клеточната мембрана на бактериите кои се обложени и сензибилизирани со специфични антитела. Употребата на овој витамин е исклучително корисна во случаи на настинка или грип, односно инфекции на горните и долните делови на респираторниот систем, бидејќи ги ублажува симптомите на болеста и го скратува нејзиното траење. Дел од протоколот во третманот на ковид 19 Бидејќи аскорбинската киселина е клучна за имунолошкиот одговор и има важни антиинфламаторни, имуномодулаторни, антиоксидантни, антитромботични и антивирусни својства, овој витамин е дел од терапевтските протоколи за третман на пациенти со инфекција со ковид 19.

escort - Korsan taksi