Позитивниот став кон животот и самодовербата носи зголемена активност на мозокот и полесно решавање на животните проблеми, покажуваат резултатите од најновото истражување за законот за привлечност. Исто така, позитивниот став кон другите, пак, носи подобри меѓучовечки односи. Ако имате доволно од сè, време е да создадете нова личност од себеси.
Од ова следува дека луѓето кои се хронично незадоволни од себе и од другите, веројатно имаат заедничко нешто – мала количина самодоверба и нереални очекувања. Како да се бориме против тоа?
Добрите можности ќе дојдат сами по себе
Иако законот за привлечност подразбира доза на потпирање на интуиција, тоа не значи дека треба да престанете активно да работите на вашиот сопствен успех. Нереално е да се очекува дека добрите можности само ќе ви паднат во скут, додека седите со вкрстени раце и чекате додека не се појават. Плус, дали навистина сакате да зависите само од нечија добра волја да ви помогне или да го подобри вашето расположение во даден момент? Од време на време пробајте нешто ново, запознајте нови луѓе и проширете ги хоризонтите на некои нови култури и погледи на светот.
Сите мора да ме сакаат
Според зборовите на д-р Хаус, „ако никој не ве мрази, знајте дека правите нешто погрешно“. Нема човек на овој свет што може да одговара апсолутно на сите и да се согласи со сите освен лицето што менува лица по потреба.
Животот е фер
Да ја повториме фразата што веројатно сте ја чуле милион пати во животот – животот не е фер. Ние сите го знаеме ова на теоретско ниво, но сепак е тешко да се прифати кога ќе го почувствувате на своја кожа.
Секој мора да се согласи со мене
Колку што сите ние сакаме работите да одат според начинот на кој сме замислиле, мора да го прифатите фактот дека животот не функционира на тој начин. Она што е очигледно за вас е сосема нелогично за некој друг, итн. Различни животни искуства, лични ставови и ликови стојат зад секој од нас и проектираат различни погледи на светот, што е сосема природно. Научете да прифатите дека животот не е црно-бел и дека може да има повеќе точни одговори на едно прашање. Не е лошо да се слушне како изгледа ситуацијата од друга перспектива, а животот би бил прилично здодевен ако сите мислеа и дејствуваа исто.
Материјалните работи ќе ме направат среќен
Секој пат кога ќе прочитам вакво нешто, се сеќавам дека многупати ми беше кажано дека е полесно да плачам во Ламборџини отколку во југо. Имате ли милиони на вашата сметка или одвај преживувате од први до први, солзите се солзи и подеднакво болни.