„Каков татко таков син“. Ромео Бекам го остави без зборови понежниот пол

popara5 август, 20201min00
romeo-beckham-jaloux-son-frere-brooklyn-poste-une-photo-avec-petite-amie

Ромео Бекам се повеќе е во центарот на вниманието откако медиумите почнаа да пишуваат дека тој ги следи стапките на постариот брат Бруклин и јавно ги покажува своите девојки.

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, 17-годишниот Ромео, последните денови е сè повеќе во центарот на вниманието, поради неговите објави на Инстаграм. Откако се пофали со бакнежите со својата девојка, тој ги почести своите фановите со фотографија на која е без кошула.

Многумина се согласуваат дека 17-годишниот Ромео е „слика и прилика“ на својот славен татко Дејвид и ги потсетува на тоа како некогаш изгледал поранешниот фудбалер, а тој има и фризура слична на онаа што Дејвид ја носел за време на натпреварите.

View this post on Instagram

🇮🇹

A post shared by ROMEO (@romeobeckham) on

Ромео е во врска со манекенката Миа Реган, а заљубениот пар често споделува фотографии на Инстаграм. Многумина коментираа дека тој ги следел стапките на својот 21-годишен брат Бруклин, кој на своја возраст исто така започнал да  ги покажува своите девојки во јавност, а од неодамна е во врска со 25-годишната актерка Никол Пелтс.

Гласини за романсата на 17-годишниот Ромео и симпатична Миа започнаа да циркулираат во почетокот на 2019 година, откако таа им се придружи на приватна вечера во семејството. Пред Миа, Ромео наводно се забавувал со британската актерка Мили Боби Браун, а врска со неа ја одобрила неговата мајка Викторија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag