Каква драма доживеала принцезата Дијана на денот на венчавката?

popara21 април, 20202min00
дајана

Иако поминаа 22 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, за неа постојано се зборува. За нејзиниот живот, но и за смртта, постојат многу теории на заговор и затоа сè уште буди интерес во јавноста. Овој пат интимни детали за принцезата Дијана открива поранешната кралска дописничка на BBC, Џени Бонд, позната како остра и контроверзна новинарка. Со оглед на тоа дека 14 години пишувала за кралското семејство, во документарниот филм “Charles & Camilla: King and Queen in Waiting” имала што да каже, па така се задржала на денот на венчавката со принцот Чарлс и Дијана.

“Дијана некое време по венчавката во еден наш приватен разговор ми призна дека се чувствувала како јагне пред колење додека одела кон олтарот, што е многу тажно. Мислам дека беше многу свесна дека работите не биле во најдобар ред”, раскажала Џени во документарниот филм и продолжила да зборува за сомнежите кои тој ден ја мачеле саканата принцеза.

Како што раскажува некогашната дописничка, сегашната сопруга на принцот Чарлс, омразената Камила, во нивната романса се вплеткала уште во време на нивната веридба. Џени открива дека Дијана нашла бразлетна која Чарлс и ја дал на Камила додека биле веќе свршени, а во која биле вградени иницијалите на Камила. “Дијана беше бесна и сакаше да знае зошто и ја подарил таа бразлетна на Камила”, кажала новинарката во еден дел од документарниот филм и на тој начин повторно кренала прашина.

За потсетување, Чарлс и Дијана се венчале пред катедралата свети Павле пред 2000 луѓе на 29 јули 1981 година. Во 1992 година премиерот Џон Мајор објавил дека парот се разделува, но дека ќе останат да живеат заедно во Кесингтонската палата. Саканата Лејди Ди загина на 31 март 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag