Калифорнија се подготвува за продолжување со снимање на филмови и серии

popara22 мај, 20201min00
филмови

Студијата за снимање во калифорнија се празни откако биле воведени мерките за изолација во средината на март.

Повеќе од 58 окрузи ќе можат да организираат продолжување со снимање со спроведување на одредени мерки кои ќе бидат детално претставени следната недела.

Лос Анџелес во кој се наоѓа и Холивуд и во кој има 900 илјади вработени во филмската индустрија е тешко погоден од коронавирусот, така што не може веднаш да се планира неговото отворање.

Во Калифорнија има 86 000 пријавени случаи на заразени со Ковид, а 3485 починати, а само во Лос Анџелес има 40 илјади заразени и 1926 починати лица.

Претставник на Нетфликс изјавил дека доколку не се применуваат мерките за заштита последиците можат да бидат многу поголеми. Тој оценил дека продукциите каде што е потребна помала екипа, како за документарни филмови, можат да продолжат со работа, но снимањето филмови каде што има голема екипа бара многу поголема логистика и безбедност.

Нетфликс започнал со продукција во некои земји како што се Исланд, Шведска и Јужна Кореја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma