Уште од моментот кога таа и нејзиниот сопруг Бенџи Маден и го претставија на јавноста девојчето Радикс Маден во јануари, кое е родено кон крајот на декември минатата година, бременоста и мајчинството на актерката Камерон Дијаз биле голема мистерија бидејќи не се знаело дали детето е родено од неа или сурогат мајка. Но, таа беше гостин на шоуто на Џими Фалон вчера, каде индиректно потврди дека девојчето е родено од сурогат мајка.
Иако рече дека нема да навлегува во премногу детали за нејзината ќерка, 47-годишната актерка беше многу разнежнета од прашањата на водителот и рече дека е посреќна од кога било.
„Обожавам да бидам мајка. Ова е најдобриот дел од мојот живот. Јас сум многу благодарна и среќна затоа што го поминувам сето ова со Бенџи, навистина уживаме во најдобрите моменти. Нашата принцеза напредува толку многу секој ден што понекогаш ја гледаме со часови. Популарната детска песна „Baby Shark“ и музика од анимираната детска телевизиска серија „Sesame street“ се играат во нашата куќа цел ден, вели Дијаз.
„Кога патуваме некаде, во автомобилот пуштаме кубанска музика, а таа одеднаш почнува да ги тропа со нозете и сака да игра.“, откри познатата холивудска русокоса.