Канје: Ким сакаше да ме ‘затвори’ бидејќи јавно зборував за ќерката…

popara21 јули, 20202min00
Annotation 2020-07-21 151554

Раперот се ‘фрли’ во политичките води. Го имаше и својот прв предизборен митинг на кој раскажување и детали од приватниот живот. Ким и нејзината мајка Крис после тоа, тврди сакале да го однесат на лекување.

Раперот Канје Вест (43) во понеделникот на социјалните мрежи предизвика загриженост откако сподели неколку твитови во кои тврди дека неговата сопруга и реалити ѕвезда Ким Кардашијан (39) се обидела да го одведе на лечење откако се појави на својот прв предизборен митинг од канмањата во Норт Чарлстон. Покрај другите работи, Канје јавно зборуваше и за приватни детали од својот брак.

– Ким се обиде да отпатува во Вајоминг со доктор за да ме заклучи како во филмот ‘Get Out’ затоа што плачев поради спасување на животот на ќерка ми – напиша Канје, кој на предизборен митинг изјави дека пред седум години Ким држела апчиња за абортус во раката, но Бог застанал на патот и им дал сила да имаат дете.

REUTERS/PIXSELL

Раперот, исто така, во своите твитови ја обвинуваше иКрис Џенер (64), мајката на Ким, која исто така наводно сакала да го „затвори“. Странските медиуми пишуваат дека неговите објавувања на Твитер набрзо биле избришани.

Патем, Канје зборуваше за своето ментално здравје во минатото. Во 2016 година, го однеле на лекување, за кое зборуваше две години подоцна во подкастот ‘We Got Love’.

„Мислам дека сум посилен од кога и да било“, изјави раперот еднаш.

Тој исто така објасни како изгледал неговиот третман.

– Ме приведоа со лисици, ме дрогираа и ме ставија во кревет. Потоа, секојдневно земав лекови. Тоа е како да ви го перат мозокот “, рече Канје.

President Donald J. Trump Meets West and Brown

Потсетуваме, раперот претходно објави дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2020 година, а потоа се откажа од идејата, само за на крајот да се премисли и сепак да се впушти во политичките води.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma