Во серијата нови твитови што ги објави, раперот Канје Вест напиша дека сака да се разведе од Ким Кардашијан откако во хотелот се сретнала со негпвата колешка Мека Мило, а потоа нејзината мајка Крис Џенер ја нарече „Крис Јонг Ун“, споредувајќи ја со лидерот на Северна Кореја.
Потоа продолжи, велејќи дека повторно Крис се обидела да го хоспитализира, како и дека сопругата на Ким Кардашијан го „разочарала“ затоа што таа испратила јавна изјава без договор со него. „Тоа не она што жената го прави на својот сопруг“, напиша тој.
Извор за британскиот „The Sun“ наведува дека Ким и Канје веќе некое време живеат одвоено, како и дека „се задушиле“ за време на карантинската изолација поради пандемијата на коронавирус.
Тој, исто така, ги нарече Ким Кардашијан и нејзината мајка „бели расисти“, изјавувајќи дека живее во филмот „Get Out“ – хорор филм во кој маж со темна кожа се обидува да избега од својата расистичка сопруга и нејзиното семејство.
Потсетуваме, популарниот рапер првично објави на Твитер дека неговата сопруга Ким Кардашијан Вест се обиде, како што рече, да го затвори заедно со психијатар, по неговиот скандалозен предизборен митинг во Каролина, со кој ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори во САД.
Изворот вели дека Ким Кардашијан се заканила дека ќе се разведе од славниот рапер, доколку, како што вели изворот, не го запре неговиот политички ангажман. Она што ја разлути Ким Кардашијан е изјавата на Канје на предизборниот митинг, кога кажа дека двајцата размислувале да ја абортираат нивната најстара ќерка Норт.
Тој прво објави неколку слики од кореспонденцијата со Ким Кардашијан, а потоа ги избриша. Во своите твитови, тој ја навреди и мајката на Ким Кардашијан – Крис Џенер. Тој изјави дека таа се здружила со неговата сопруга за да го прогласат за луд, а потоа тој објави твит, во кој и забранува на Крис Џенер да ги гледа неговите деца.