
Американскиот рапер Кание Вест не престанува да ја шокира светската јавност.
Овој пат ги заинтригира сите кога се појавија фотографии од огромен бел ѕид кој ги затвори неговиот имот и црквата.
Инаку, тој неодамна изненади со својата изјава и бизарна имитација кога минатиот викенд направи драматичен влез во неделната служба, кога со своите деца „шеташе по вода“, како Исус Христос. Како што пишуваат странските медиуми, тој сакал да го „заштити“ својот ранч од неверници со подигање на ѕидот.

