Канје Вест се расплака на предизборниот митинг, раскажа дека Ким сакала да абортира

popara20 јули, 20202min00
Annotation 2020-07-20 141756

КАНЈЕ ВЕСТ се расплака на својот предизборен митинг во Норт Чарлстон. Вест се појави во елек отпорен на куршуми, а на главата го имаше избричено бројот 2020.

“Ме боли к*р дали ќе добијам на изборите или не”, рече. “Пред продавниците на Gucci стојат гладни луѓе. Мене ми се важни тие работи. Јас сум во служба на Бог”,раскажа. Во бизарниот говор пред своите симпатизери посебно се фати за темата абортус па раскажадека во “2013та година Ким во рака држеше апчиња за абортус”, но дека него “Бог го инспирирал да го имаат тоа дете”.

Зборуваше и за тоа дека сака да се најде со Џорџ Сорос и Марк Цукерберг.

Присутните ги шокираше кога рече дека “Harriet Tubman не ги ослободи робовите, само тие сега одат да работат за други бели луѓе”. Тоа предизвика запрашување и негодувањње во салата.  

Guardian неодамна објави дека Канје платил 35 илјади долари за да се кандидира како независен кандидат и дека ќе се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Оклахома.

Вест е еден од тројцата кандидати кои ќе се појават како независни кандидати, а другите двајца се пијанистката Џејд Симонс и претприемачот Брок Персе.

Музичарот поднесе барање и ја уплати таксата еден ден откако некој извор за New York Magazine го сцитирал Вестовиот советник Стив Крамер кој рече дека Вест нема да се кандидира и дека луѓето кои ги ангажираше се многу разочарани.  

Канје Вест својата кандидатура ја најави на 4ти јули, а претходно го фалеше Доналд Трамп. Меѓутоа, во интервјуто за Forbes рече дека “симнува црвена капа” што се однесува и на Трамповиот заштитен знак – црвена капа со натпис Make America Great Again.

Вест изјави дека својата верзија за Белата куќа ја замислува по примерот на филмот Black Panther и ако победи, сакав”враќање во Ваканда”, повикувајќи се притоа на фиктивната земја од наведениот филм.  

Американските таблоиди тврдат дека биполарното растројство на Вест влијаело на неговите одлуки и дека целото негово семејство е навистина загрижено за него. Извор за TMZ рекол дека раперот се наоѓа сред манична епизода предизвикана од биполарното пореметување – состојба за која во минатото јавно зборуваше.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag