Познатата 27-годишна манекенка и активистка Кара Делевин изрази поддршка и љубов кон LGBTQ+ заедницата, од која е и таа дел, во нова соработка со спортскиот гигант Puma. Кара инаку е веќе амбасадор во Puma.
Цените на парчињата се движат од 20 долари, а од секој купен производ, 20% од приходите одат во нејзината хуманитарна фондација The Cara Delevigne Foundation, која поддржува LGBTQ + здруженија како што се GLAAD, The Trevor Project и Mind Out.
Кара изјави дека едвај чека да ги носи парчињата на овогодинешните Паради на гордоста и на другите забави на гордоста, но дека поради непредвидени околности, прославите ќе се организираат преку Zoom и FaceTime.