За одредени типови на луѓе појавата на психички проблеми е многу поизвесна.
Се мисли дека никој не е потполно имун на психосоматско заболување во смисла да не постои можност да се развие. Постојат луѓе кои се склони на тоа, по својата предиспозиција, но и по психолошкиот склоп на личноста. Ако психолошките задачи не се исполнуваат со психолошките механизми, исто така и ако внатрешниот притисок и конфликтите, се долготрајно непријатни или интензивните емоции не ги обработуваат психолошките механизми на адекватен начин, телесното ниво прекумерно се троши, и одредени органи трпат штета која преминува во фаза на пореметување или заболување.
Некои типови на луѓе имаат и свои слаби точки, тенденција во оснесувањето и емоциите, па за нив се врзуваат и одредени симптоми.
Најчесто во истражувањата во овој контекст се спомнуваат тип на личности кои имаат натпреварувачки карактер, амбициозни, енергични, вредни, работливи и одговорни, но нивната невозможност адекватно и навремено да се справат со лутината доведува до трпење, заклучување во себе, за потоа експлозивно исфрлање на лутината, на непримерен начин, после кое следи каење. Овие индивидуи често имаат хипертензија, зголемен холестерол, зголемено лачење на желудечна киселина и чир на желудникот.