Карантин со Хелен Мирен: Актерката откри како со помош на еден трик ги бира своите улоги

popara9 април, 20201min00
Helen-Mirren

Познатата британска актерка, исто како и најголемиот дел од светот, моментално е во изолација, но доста далеку од родниот Лондон.

Хелен Мирен престојува со својот сопруг во карантин лоциран на езерото Тахо, каде што парот има дом.

Ова прекрасно езеро, е една од најпознатите дестинации во Америка кога станува збор за богата природа, а се наоѓа на границата на Калифорнија и Невада.

Актерката во изолација ужива во прекрасен поглед на природата, а повеќето денови ги поминува читајќи и забавува ги своите следбеници на Инстаграм.

Начинот на кој го чита Шекспир е толку фантастичен што можеше да освои една номинација за Оскар за секоја објава и Инстаграм стори што ја објавува.

Така, ги воодушеви своите следбеници читајќи го славниот сонет на Шекспир: “Shall I compare thee to a summer’s day..” алудирајќи на тековната изолација, додека нејзините фанови со воодушевување коментираа дека начинот на кој таа чита поезија е толку фанатичен што можеше да ги чита слободно и упатствата за ракување со машината за миење садови и тоа да звучи не помалку брилијантно.

На општо изненадување и воодушевување на нејзините придружници, актерката откри и како ги бира улогите, со оглед на тоа дека е совршен момент за непречено читање на сценарио.

„Знам дека ова на режисерите нема да ми се допаѓа, но јас едноставно така работам. Ако мојот лик не е на последната страница од сценариото или барем на последните неколку страници, воопшто не се замарам со читање на сценариото. Ако мојот лик во последната сцена се појави во некоја драматична сцена „Дали е тоа сцена за самоубиство или убиство и исчезнува, тогаш ќе се вратам и ќе ја прочитам уште еднаш од почеток. Но ако магично само исчезне, воопшто не го читам тоа сценарио“, откри познатата актерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag