Ова лето ќе променам што е можно повеќе костими за капење, сигурно помислила српската пејачка Јелена Карлеуша (41).
И се држи до тоа правило, редовно покажувајќи се на социјалните мрежи.
Сега го облекла најнеобичниот костим во однос на претходните. На стратешки места се наоѓаат ликови на мачиња или некои други животни.
Но иако го променила стилот на костимот за капење, на една работа и останала доследна- костимот и овој пат едвај ги зауздал нејзините бујни гради.
Кики парти- напишала во описот на фотографијата на Инстаграм, додека позирала во базенот во својата луксузна вила на Дедиње.
Заработила бројни комплименти, а еден обожавател и напишал: ‘Баш си слатка, би те бакнувал’.
Пејачката неодамна се пофали и со фотографии од Турција.
Таа уживала со ќерките Ника (10) и Атина (11), а нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (35) според пишувањето на српските медиуми, е во Кина и се подготвува за продолжение на фудбалската сезона.