Кавасаки синдромот ги загрижи родителите и докторите. Симптомите кај децата позитивни на корона вирусот

popara16 мај, 20201min00
kavasaki_sindrom_zabrinuo_roditelje_i_lekare_simptomi_kod_dece_pozitivne_na_korona_virus_600130159

Воглавно, децата се сметаат поштедени од ризикот за корона вирусот. Ова барем важеше до половината на мај 2020 година, до кога се бележеа ретки случаи на заболени деца со Covid 19 кои пројавиле некои посериозни симптоми. Но, медицинскиот часопис Lancet објави дека новата болест кај децата која потсетува на “кавасаки”, можно е да биде поврзана со корона вирусот.

Болеста “кавасаки” е тешко и ретко оболување кое како потешка компликација може да има и аневризма на срцевата артерија.

Италијанските стручњаци известуваат дека во Бегамо, центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија, се појавиле 10 случаи со симптоми на кавасаки. Станува збор за седум момчиња и три девојчиња на возраст од 5 до 7 години. Според извештајот, тоа е енормно зголемување на бројот на случаи споредено со претходните 5 години.

Кај две девојчиња, PCR тестот покажал дека се позитивни на вирусот SARS-CoV-2, додека останатите имаат позитивен серумски наод.

Симптомите не биле исти кај сите. Половина од нив се жалела на конјувиктис, осип, трнење на рацете и нозете. Кај другата половина, дошло до опаѓање на крвиот притисок па требало да им се надополни течност. Најголем број на заболени деца, реагирале добро на интервенозна имуноглобиноза, а кај двајца била потребна и антиинфламаторна терапија.

Се поставува прашањето дали корона вирусот е всушност тригер за развој на кавасаки синдромот кај децата. За самиот кавасаки всушност не постои никаков тест, туку дијагнозата се поставува врз основа на клиничките наоди и резултатите од лабараториските испитувања.

Слична група на деца е откриена и во Велика Британија, во Лондон.

Научниците сега пробуваат да откријат дали оваа воспалителна реакција кај децата може да открие нешто повеќе за имуната реакција на огранизмот на корона вирусот.

Тие исто така ги охрабруваат родителите но и педијатрите и тврдат дека нема причина за загриженост затоа што генерално пациенти на детска возраст се премногу малку.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag