Некои луѓе имаат потешкотии во спиењето, што може да биде резултат на стрес, начин на живот и други фактори.
Бидејќи доволното спиење има големо влијание врз квалитетот на животот, ако ни недостасува сон, ќе бидеме помалку расположени, исцрпени и потешко ќе ги извршуваме секојдневните активности. Но, постои една техника осмислена од американските борбени пилоти во Втората светска војна за да ги спречи да носат погрешни одлуки со потенцијал за фатални последици заради нивното недоволното спиење.
Откако американската армија заклучила дека борбени пилоти носат лоши одлуки кога не спијат добро, го ангажирале полковникот на морнарицата Буда Винтер за развој и тестирање на научно дизајниран метод на „учење“ на спиење, пренесува Business Insider.
Винтер бил успешен спортски тренер на факултетите и соработувал со професор по психологија за да осмисли техники кои ќе им помогнат на спортистите да се релаксираат и полесно да го издржат притисокот.
Неговиот трик многу влијаел врз пилотите. По само шест недели вежбање дури 96 проценти од нив заспивале во рок од 120 секунди, без оглед на пукањето, консумирањето кафе пред спиење. Интересно е што некои пилоти успеале да спијат во седечка положба.
Значи, еве што треба да направите за да заспиете.
Удобно сместете се
Ако сте во кревет, ова ќе ви биде лесно. Но, ако сте надвор, сместете се во најудобната позиција. Да речеме, ако сте во автомобилот, спуштете го седиштето, а ако сте во канцеларија, седнете на најудобното столче.
Опуштете го лицето
Клучен дел од овој трик е релаксирање на вашето лице. Нашето лице има 43 мускули и преку нив телото „сфаќа“ дали сме под стрес. Кога ќе го опуштаме лицето целосно, на телото му испраќаме физиолошки знак дека сè е во ред и дека можеме да спиеме.
Затворете ги очите и опуштете го целото лице – челото, јазикот, образите и вилицата. Тогаш ќе забележите дека дишењето природно се забавува. После тоа, опуштете ги очите, кои имаат шест мускули.
Ослободете се од напнатоста почнувајќи од рамената
Затегнете ги рамената и опуштете ги најдобро што можете, како да паѓаат кон нозете. Опуштете ги мускулите на задниот дел на вратот.
Земете длабок здив и полека издишувајте, со што ја исфрлате насобраната напнатост. Повеќето луѓе одржуваат напнатост во рамената, вратот и вилицата. Потоа, префрлете ги рацете.
Почувствувајте ги и опуштете се, почнувајќи од вашата доминантна страна (десната ако сте десничари и левата ако сте левичари)
Започнете со вашите бицепси и почувствувајте како се опуштаат. Ако не се опуштаат, затегнете ги што е можно поцврсто и опуштете се. На крајот, опуштете ги нозете.
Почувствувајте како се опушта десниот квадрицепс и станува се потежок. Потоа преминете на долниот дел на ногата, коленото и стапалото, а потоа повторете ја постапката со другата нога.
Исчистете го умот 10 секунди
По целосно опуштање на телото, преминете на умот.
Избегнувајте мисли поврзани со некаква форма на движење (како што се размислување за исклучување на светлата, фрлање ѓубре). Овие мисли ги стимулираат несвесните движења, односно микро-контракциите кај одредени мускули.
Во својата книга “Опуштете се и победи: Настап на првенството”, Винтер сподели неколку размислувања за мислите што треба да траат 10 секунди.
Замислете дека е топол пролетен ден и лежите до мирно езеро. Вие гледате кон синото небо со бавна, лебдечка облачност. Не дозволувајте другите мисли да ви паѓаат на ум. Концентрирајте се на таа слика и уживајте во тоа 10 секунди.
Потоа замислете дека сте во голем, црн хамок, и каде и да погледнете наоколу, гледате црно. Заржете ја и оваа слика 10 секунди.
Третиот трик е да ги изговарате зборовите: „Немој да мислиш … Не мисли … Не мисли …»Повторете го ова и спречете други мисли најмалку 10 секунди.Откако целосно ќе ги опуштите телото и умот, ќе заспиете после 10 секунди.