Кејт го доби прстенот на Лејди Ди на венчавката, а сега излегоа во јавноста деталите за предбрачниот договор!

popara29 април, 20201min00
Кејт и Вилијам

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа пред девет години на 29 април 2011 година и за време на бракот добија три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Ти есе запознале за време на студиите на престижниот универзитет „Sent Endrus“ во Шкотска, но нивната романса има и една црна дамка – распадот што се случи во 2007 година, што траеше неколку месеци.

После неколку години врска, принцот Вилијам реши да ја побара за жена Кејт во 2010 година и да ја претстави пред целиот свет. Свадбениот прстен цо кој тој ја побара нејзината рака припаѓал на неговата мајка принцезата Дајана. Изработен е од четиринаесет дијаманти кои го опкружуваат дванаесет-каратниот сафир во средина.

Инаку, она што јавноста не го знае е дека всушност принцот Хари требал да го добие тој прстен, додека Вилијам бил заслужен за познатиот часовник „Cartier“, кој нивната мајка постојано го носеше, но тие се заменија.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги положија своите завети во Весмистерската катедралата , а на нивната свадба присуствуваа повеќе од две милијарди луѓе ширум светот.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон потпишале превентивен договор, чии детали се чуваат строго доверливи. Сепак, има приказни за некои наводни детали за договорот, како на пример, Кејт нема право на имотот на Вилијам во случај на развод, но има право на само одредена сума пари. Експертите веруваат дека станува збор за сума од милион долари со годишен додаток за готовина. Во случај на притворање на Кејт, износот ќе се намали и недискретното однесување во јавноста ќе резултира да остане без денар. Исто така, во случај на развод, нивните деца ќе останат кај принцот Вилијам, а Кејт ќе имаа право да ги посетува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag