Сè што е поврзано со кралското семејство буди голем интерес, па дури и нивната исхрана. Особено зашто кралските снаи се многу згодни, со совршена линија и покрај родените деца.
Меган најмногу сака макарони со сирење
Пред да се омажи со принцот Хари, Меган многу сакала да пие вино, особено во лето. Сега денот и почнува со чаша топла вода со лимон. Понекогаш пие зелен сок.
Омилен оброк и е акаи бобинки со кокосови снегулки, останати бобинки, банани, мед и пчелино саке. Кога има желба за грицкање, зема бадеми. Но Меган сака и помфрит, во комбинација со сирење и сос.
За вечера обично јаде супа, а кога сака да ужива во храната јаде макарони со сирење и малку грашок. Сака и скара која знае и самата да ја направи. Додека била дел од кралското семејство не и било дозволено да јаде лук заради мирисот кој кралицата не може да го поднесе. Иако сака тестенини, Меган се откажала од глутенот.
Принцовите Хари и Вилијам како деца сакале да јадат брза храна, а мајка им Дајана водела сметка за нивната исхрана, но честопати изјавувала дека нејзините деца треба да бидат како друдите деца, па често оделе во МекДоналдс.
Кејт сака нови вкусови
Кејт Мидлтон сака класична храна и јадења со кари кои сама ги подготвува. Пред да се омажи јадела храна богата со протеини, а по раѓањето на принцезата Шарлот сè повеќе јаде овошје и зеленчук.
Кога патува сака да пробува нови јадења, а кога е дома никогаш не го прескокнува попладневниот чај, најчесто со бисквити со џем.
Шестгодишниот Џорџ сака тестенини и пица, а Шарлот обожава маслинки.
Кралицата Елизабета II секој ден појадува исто- пченкарни снегулки, кајгана со димен лосос и рибни тартуфи, како и чај со кекси. Обожава манго, а пред ручек кралицата пие аперитив. Најчесто руча риба и зеленчук. Скроб не јаде речиси никогаш.
Попладне јаде сендвичи, но без кората од лебот. Вечерата е слична на ручекот, зеленчук и риба или месо кое мора да биде добро печено. Пие мартини, а сака темно чоколадо. По десертот следи пенливо вино.
Принцот Чарлс сака јајца за појадок. Пие шолја чај со млеко и мед. Сака разни видови на сирење, а се труди да јаде органска храна.