Кејт Мидлтон се појавила на утринско телевизиско британско шоу за да промовира уметнички општински проект.
За таа пригода војвотката од Кембриџ носела жолт фустан со долги ракави со розеви и зелени принтови на дрвја. Фустанот со макси должина е пресечен на половината и паѓа како здолниште. Креацијата е на британскиот бренд Raey и чини околу 600 долари. Бил на намаление и чинел 183 долари, но веднаш бил распродаден откако го носела Кејт Мидлтон.
Ова не е изненадување. Фустанот кој го носела Кејт е фустан кој нашиот гардеробер го чека со воодушевување.
Популарната модна линија Raey е позната по своите лелеави, лесни за носење модели, како и шик плетени облеки.