Причината е пресмешна
Децата на војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, шестгодишниот принц Џорџ, шестгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот принц Луис, го привлекуваат вниманието на јавноста каде и да се појават, па не не чуди големиот интерес за нивните животи, како и секојдневните случувања кои гордите родители неретко ги споделуваат со обожавателите. Едно од последните е како Џорџ во моментов е многу мрзелив и љубоморен на својот помлад брат.
Имено, како што откри 38-годишната војвотка на неодамнешниот настан, браќата во моментов се натпреваруваат во одгледување сончоглед, а Луис го престигна растот на Џорџ, што го направи шестгодишниот многу нервозен. ‘Децата уживаат во одгледувањето, но Луис во моментов води со својот сончоглед што на Џорџ не му се допаѓа па сега е малку љубоморен“, и рече Кејт на публиката.
Патем, иако Џорџ е најстарото дете во семејството, Кејт, а потоа и кралицата Елизабета Втора, открија дека „шефот“ во семејството е всушност петгодишната Шарлот која е најодговорна и главна меѓу браќата. Имено, неодамна се дозна дека на еден настан, кралицата го прашала девојчето дали се грижи за својата помлада сестра, а таа одговорила дека нејзината помлада сестра повеќе се грижи за неа. „Така е и со Џорџ и Шарлот“, коментирала Елизабета Втора во тоа време.