Кејти Холмс повторно ќе застане пред олтарот?

popara15 јули, 20201min00
Annotation 2020-07-15 202858

Овој пат сигурно го менува презимето на Сури.

Бракот на 41- годишната глумица Кејти Холмс и 57- годишниот глумец Том Круиз е вечна тема која забавува многу луѓе. Освен проблемите во бракот поради излуденоста на Том по скинтологијата, глумицата Холмс напорно работи на смислување план како да и го тргне неговото презиме на ќерката Сури. Инаку воздржана на социјалните мрежи, глумицата ги изненади обожавателите со објавата на белиот фистан кој назначува дека се спрема за венчање.

View this post on Instagram

@tovestudio

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes212) on

Со објавата на Инстаграм се појавија озборувања дека глумицата може сепак дошла до начин како да ја преименува ќерката, односно ако се мажи работите ќе бидат поедноставни. На фотогафијата седи во долг бел фустан која личи на венчаница, но во описот не напиша ништо. Меѓутоа изгледа дека сепак тоа нема да се случи поради тоа што сликата најверојатно е објавена само за промоција на фустанот кој го носи, тоест за кој што беше модел на фотографирање на модна колекција.

Не е новост дека глумицата со сите сили се бори да ја задржи саканата ќерка, а овие денови на социјалните мрежи даде мотив за нагаѓање дали повторно ќе се омажи и конечно на ќерката Сури ќе и го тргне презимето Круз.

Со фотографијата без никаков опис, таа збуни многумина, па се прашуваат дали актерката ќе застане пред олтарот по втор пат. По гласините дека ќерката на Том и Кејти ги пронашла неговите љубовни писма упатени до актерката и дека таа добива надеж кај нејзиниот татко, мајката на Кејти се обидува по секоја цена да најде начини да ја преименува својата ќерка од „Сури Круз“ до „Сури Холмс“.

Според законот, Сури, наводно, може да го смени презимето самостојно, но само кога ќе наполни 21 година. Во изнаоѓање „дупка во законот“ и ефикасно решение не е само актерката Холмс, туку и нејзиниот татко. Од почетокот на оваа идеја, пред две години, таа сè уште не најде решение, а главната причина зошто сака да го стори тоа е заради нејзината мајка која не може да го поднесе Том, пренесуваат странските медиуми.

Односот меѓу актерот Том Круз и неговата поранешна сопруга, актерка Кејти Холмс, со кого има ќерка Сури, е неисцрпна тема на сите шпекулации на медиумите и приказните за односот меѓу поранешните сопружници воопшто, пишува Госип Коп. Веќе е познато дека во бракот, меѓу другото, се создаде голем проблем со неговата припадност и застапување на црквата на скиентологијата. Тој, наводно, се обидел да ја вклучи својата ќерка Сури Круз во заедницата и да ја сврти против нејзината мајка Кејти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma