Иако гламурозниот настан Мет Гала е откажан (одложен), ѕвездите нашле начин како да го прослават “првиот ден од месец мај” , со помош на предизвикот MetGalaChallenge, па на тој начин малку се ублажила загубата од одложувањето на настанот.
Кети Пери го покажала својот стајлинг кој требала да го носи на манифестацијата, а тој се содржел од корсет на Jean Paul Gaultier, истиот дизајнер кој го направи фамозниот корсет за Мадона во далечната 1990 година.
Преку моделот на корсетот се гледал и трудничкиот стомак на Кети, која го очекува своето дете со Орландо Блум.