Пејачката Кети Пери, која го очекува своето прво дете-девојче со свршеникот Орландо Блум ,објави снимка од ултразвукот во која бебето го покажува средниот прст.
„Кога вашата неродена ќерка го покажува средниот прст од матката, знаете дека сте подготвени“, напиша пејачката на Инстаграм.
„На мама е“, искоментира пејачката Рита Ора на сликата, а фотографиите поттикнаа голем број коментари кои велат дека бебето е генијално.
Сцената е секако необична, а таква е и врската на родителите на бебето, која трае неколку години со чести прекини и одложувања на свадбата. Сепак, последниот план за венчавка што требаше да се случи ова лето, падна во водата поради корона вирусот.