Додека чекаше кранот да ја крене на сцената, таа сфати дека е само десет дена од раѓањето
Во видеото коегосними за Вог, Кетрин Зета-Џонс (50) се потсети на нејзините изданија од 1987 година до денес, и филмовите што ги правеше во тоа време. Сепак, таа има најдобро сеќавање за најпознатите филмски награди, во кои настапуваше само десет дена пред да ја роди својата ќерка Керис.
Во таа прилика, таа откри интересен деталод Оскарите во 2003 година. Како што рече, цело време се подготвувала за настапот со раперката Квин Латиф, затоа што на церемонијата на доделување ја отпејаа песната од мјузиклот Чикаго, за што на актерката и беше доделена златна статуа.
Додека чекаше кранот да ја крене на сцената, таа сфати дека е само десет дена од раѓањето.
Потсетувајќи се на таа изведба, како и на кранот што ја кренал неа и Латифа до бината, Кетрин рече:
„Се сеќавам дека поминавме низ таа врата и како кран нè крена на сцената, сфатив дека датумот за раѓање ми беше за десет дена, и јас стојам таму на тој кран чекајќи да се крене“.
Говорејќи за фустанот што го носеше за Оскарите, Кетрин додаде:
„Занесена од целата таа среќа што сум бремена, но исто така номинирана за Оскар, Донатела ми ја направи таа убава свилена облека, која беше совршена за мене – лепршава и удобна, во која можев да седнам без никакви проблеми за време на многу долгата церемонија. Најдоброто од се беше дека јас однесов дома и „златно момче“ (Оскар).