Кија Коцкар доживеала голема непријатност, па во лутина се обратила на своите следбеници на Инстаграм и открила што се случило.
Имено, Кија напишала дека пред станот и дошле обожаватели кои сакале да се фотографираат со неа, што воопшто не и се допаднало, па им порачала такви работи да не им паѓаат повеќе на памет.
– Не знам како ви паѓа на памет да ми доаѓате пред врата…Ве молам не го правете тоа. Ако ме видите на улица слободно пријдете ми, но немојте веќе да ви падне на памет да ми ѕвоните на врата- порачала Коцкар и додала:
– Додека студирав нон стоп поминував покрај куќата на Чолиќ и сигурно не ми паднало на памет да му тропам на врата.