Ким Кардашијан и сопругот Кание Вест се заљубиле во прв поглед во вилата која се наоѓа во Hidden Hills во Калифорнија.
Парот го купил ова здание, со години го дотерувале, опремувале, реновирале, а изгледа како воопшто да не го пипнале.
Од фотографиите може да се види дека на почетокот немале мебел. Времето поминувало, а куќата и понатаму останала празна со мебел. Наводно, парот сакал куќа со минималистичко уредување. Семејството го има само она што им е неопходно и во куќата нема никакви украси, па така времето го поминуваат во огромна просторија во која има една софа, масичка, неколку фотељи и ништо повеќе. Нема полици, нема слики, нема цвеќе, нема детали, нема многу бои, па повеќе изгледа како некоја напуштена галерија отколку како семеен дом.
Она што е посебно интересно и чудно е што во куќата нема врати.
Иако Ким и Канје вложиле околу 50 илјади долари за двата базена во дворот, Ким сè уште не влегла во нив.
Сепак, кога станува збор за децата, тука нема минимализам. Четирите деца на славниот пар имаат посебна соба за играње која е опремена со сè што може да замисли детската фантазија: мала продавница, музички инструменти, разни костими, а тука е и домашното кино.
Слично е и со гардероберот на Ким во кој дефинитивно не владее еднобојниот склад и минимализам, па можеме да видиме дека се работи за огромна просторија преполна со безброј разнобојни парчиња.