Ким имала афера, Канје за тоа дознал и сега бара развод!

popara22 јули, 20201min00
kim 10

Откако Канје пред неколку дена изјави дека Ким сакала да направи абортус, кандидатот за претседател на САД очигледно повеќе не сака да биде во брак со Ким затоа што дознал дека таа го изневерува.

Американскиот рапер и музички продуцент Канје Вест (43) наводно сака да стави крај на бракот со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест (39), пишува „Мирор“. Музичарот му донесе немири на славното семејство Кардашијан, откако деновиве откри на првиот митинг во кампањата како Ким сакала да го абортира своето прво дете. – Јас за малку ќе ја убиев ќерка ми. Ким плачеше еден месец, два, три и тогаш ја земавме таа опција во предвид. Таа држеше апчиња во нејзината рака – Канје зборуваше и плачеше.

Тој исто така раскажа како Ким ги повикувала лекарите да го заклучат во разни институции и го спореди нејзиниот живот со хоророт за 2017 година „Get Out“. Од друга страна, оние кои верно ги  следеа епизодите од ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, знаат дека славните сестри, а особено Ким, се загрижени за здравјето на раперот, но исто така коментираа дека може да има сериозно биполарно растројство.

Пред четири години, пејачот итно заврши во психијатрија и од тогаш повремено зема лекови. Ким во неколку наврати кажа дека апчињата го менуваат и затоа не ги зема редовно.

Rapper Kanye West and Kim Kardashian pose for a photograph with Uganda

Според изјавите на раперот објавени на Твитер, кои тој ги избришал во меѓувреме, Ким била со раперот Меик Мил во хотелот. Тие, наводно, разговарале за судските реформи, кои Ким сака да ги спроведе, но Канје јасно не верува во оваа приказна, и сака да се разведе. Американските медиуми се обидоа да допрат до Ким и нејзините адвокати, но таа избра да не го коментира случајот. Од друга страна, нејзините следбеници ја молат на социјалните мрежи да им открие сè што се случило затоа што се вознемирени. Ким и Канје се еден од најмоќните парови во светот на шоубизнисот веќе неколку години.

The MET Gala 2019 - New York

Парот се венча во 2014 година во Париз и имаат четири деца. Девојка Норт (7) и син Сеинт (4) кои ги роди Ким, а ќерката Чикаго (2) и синот Псалм (1) ги роди сурогат мајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag