Ким Кардашијан објави твит на кој е прикажан еден дел од книгата во која видовита жена во 2008. година го предвидува коронавирусот.
„Околу 2020 година, низ светот ќе се рашири тешка болест слична на пневмонија, навлегувајќи во белите дробови и бронхиите, спротивставувајќи се на сите познати третмани и лекови. Она што ќе биде уште по чудно од самата болест е тоа дека ќе исчезне толку брзо како што дојде. Ќе нападне уште еднаш по десет години, а потоа целосно ќе исчезне “, пишува таа во оваа книга.
Видовитата жена која починала во 2013. година предвидела болест која се шири низ целиот свет, а ја опишала во нејзината книга „End of Days“.
Ова на сите им звучи како коронавирус, и постои можност Силвија навистина да го предвидела ова.