Ким Кардашијан со “вознемирувачкo” видео: Се потсети на корсетот со којшто минатата година ја шокираше јавноста!

popara23 јуни, 20201min00
5cd0d27e1d0000a909b57253

“Ова го најдов во мојот мобилен телефон од моето специјално патување во Лондон, кога бев да го посетам г-дин Перл“, напиша таа. Ким додадека и дека го изгубила ваквиот корсет и повторно одела во Велика Британија за да и изработат нов.

 Исто така објави и новости во  врска со нејзината модна линија. Но, нејзиното видео во бизарниот корсет што драстично ја намалува половината, го разбуди гневот кај нејзините следбеници на Инстаграм.

“Ова се нездрави стандарди за телото“; “Ви благодариме што промовирате нешто што е нездраво не само за нашите тела, туку и за нашите умови“; “Ова не е порака којашто треба да им ја испратиш на младите девојки кои сакаат да бидат како  тебе”, “Престанете да поставувате нереални стандарди за убавина. Има млади, неинформирани жени кои те имитираат“, се само дел од коментарите.

Патем, Ким го носеше овој контроверзен корсет на минатогодишната Мет Гала под фустанот на Тиери Муглер, кој беше “посеан” со кристали. Таа шокираше многумина со изгледот на половината, која изгледаште драстично тесно и како што истакнаа, неприродно во споредба со остатокот од нејзиното тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag