„Светам“, напиша Ким во описот на објавата која позира во секси бикини
Најпопуларната ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалната мрежа Instagram кога објави провокативна фотографија во минијатурно бело бикини и ги истакна своите секси атрибути, со кои се прослави.
Имено, Ким објави фотографија на Instagram во бело бикини што изгледа фантастично на нејзиното бронзено тело, а во преден план беа нејзините бујни гради и многу тесениот струк, за кои сонуваа мажите ширум Светот со години.
– Светам – напиша Ким во описот на објавата каде за помалку од 5 часа собра 1,5 милиони лајкови.
Во четириесеттите години, Ким изгледа фантастично и барем десет години помладо и не се откажува од разголената фотографија. На новата фотографија Ким ги крена рацете зад главата, а зад неа може да се видат преку „Hermes Birkin“ скапи чанти и луксузни чевли и облека.
Косата и беше сплетена во плетенка, додека на лицето имаше шминка во земјени тонови, а обожавателите тврдат дека станува сѐ поубава и не знаат низ какви третмани поминала.
Да потсетиме, сопственичката на брендот „Skims“ неодамна се врати од тропски остров каде го прослави љубилејниот четириесетти роденден со семејството, и се чини дека по бурниот период се смири со сопругот Кание Вест (43) и дека сега сè е во ред во нивниот брак.