Во изминатите неколку месеци, таа се обиде да биде поддршка на нејзиниот сопруг во неговата кампања за претседател на САД, но по еден од неговите јавни говори, не е сигурна дека сака да остане во брак со него.
Односите помеѓу Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест се затегнати веќе некое време, а се чини дека дури и заедничкиот одмор со децата не им помогна да ги решат несогласувањата. Според странските медиуми, Ким е се поблизу до одлуката да поднесе барање за развод. Ким ги подготви документите за развод и е подготвена за последниот чекор ако Канје не се смени.
На митингот што го одржа сакајќи да се кандидира за претседател на Америка, тој со солзи во очите рече дека неговата сопруга Ким Кардашијан Вест размислува за абортус и дека неговиот татко сакал неговата мајка да го абортира. Таа изјава целосно ја шокираше Ким и целото семејство Кардашијан и по неколку дена на социјалните мрежи објасни колку е тешко да се живее со личност со биполарно растројство.
– Оние кои ја разбираат менталната болест или компулсивно однесување знаат дека семејството е беспомошно. Знам дека Канје е предмет на критика затоа што тој е јавна личност, а неговите постапки предизвикуваат силни емоции. Тој е генијална, но комплицирана личност која под притисок да биде уметник, чувствува болка од губењето на својата мајка и се справува со неговото биполарно растројство – рече Ким.