Ким се фали дека е милијардерска, но „Форбс“ тврди дека тоа не е вистина

popara4 јули, 20201min00
cgfgfgf

Ѕвездата Ким Кардашијан Вест (39) доживува сценарио слично на она што неодамна му се случи на нејзината помлада сестра Кајли Џенер и непријатно ја изненади. И двете тврдеа дека се милијардери, но официјално останаа без тој статус.

Сепак, магазинот „Форбс“ ги негираше, а на Ким наводно и недостасуваат уште 50 милиони долари до ласкавата титула. Нејзиниот сопруг, раперот и музички продуцент Канје Вест веќе некое време е влезен во групата милијардери.


– Мојата Ким неодамна стана милијардер и јас сум многу горд на неа. Таа дојде до сето ова со својата работа и успешниот бизнис што го води. Поминавте неверојатни бури, но сега сонцето сјае врз вас и нашето семејство – објасни неодамна Канје, но се чини дека и тој избрза со изјавата.


Кајли Џенер, од друга страна, ја загуби титулата најмлад милијардер во светот, откако нејзиниот бренд за убавина Кинг Кајли стана една од трите компании што ја тужеше Seed Beauty, компанија со која богатата жена работи од 2016 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma