Мини филмски фестивал на таванот или гледањето видеа под ѕвездите е полесно со преносливиот проектор на Anker Nebula 2, кој може да се пофали со одличен звук.
Големо колку лименка пиво, Anker Nebula 2 е на врвот кога станува збор за преносни проектори. Иако на пазарот има други поекономични варијанти, оваа лименка полна со забава ги штеди вашите живци кога е во прашање квалитетна слика, звук и спојување со други уреди.
Многу е лесен, а постојано може да го носите со вас и да го искористите кога ќе ви затреба. Дали ќе гледате серија додека се бањате, организирате мини филмски фестивал во двор или во спалната соба, навистина оставаме на вас.
Capsule II – Anker e со оперативен андроид систем кој напојува со 4-јадрен процесор, има сијалица со лумени 200 ANSI што може да проектира дијагонална слика од 100 инчи.
Во ноќта е одличен, а преку ден ќе мора да ги спуштите ролетните. Бидејќи има вграден звучник, нема потреба од кавга со Bluetooth, а во споредба со конкурентните уреди на пазарот, квалитетот на звукот и волуменот се голем плус.
Android TV е достапен за да не мора да се справите со HDMI (но ако сакате – можете). Сè додека имате добар Wi-Fi сигнал, ќе можете да прикажете содржина преку една од апликациите што мора да се преземат од Google Play Store или USB. Ако не ви се разговара со Google асистент, секогаш може да користите далечински управувач.
Nebula II поддржува Wi-Fi и Bluetooth, а батеријата се полни преку USB-C портата и трае одлични три часа. Критичарите му замеруваат на Anker за комплицирање на нештата со Netflix, до кого може да се дојде по малу потежок пат. Уредот е дстапен на Amazon и сметаме дека е одлична идеја за секого!