Доколку сакате да го забрзате потемнувањето на кожата ова лето, главен сојузник во тоа може да ви биде правилната исхрана!
Кожата најдобро изгледа кога е здрава, но освен со неопходната хигиена и кремите, за неа можете да се грижите и одвнатре, со исхрана чии одредени состојки ќе направат вашата кожа да изгледа поубаво и поздраво да поцрни.
ВИТАМИН А
Морковите го заземаат првото место на листата, со 1200 mg витамин А, кој ја подигнува синтезата на мелатонинот, кој доспева во вашата кожа.
Постојат и многу други намирници кои ќе направат не само да изгледате потемнето, туку и да ја избегнете сончаницата и да ја задржите температурата на вашето тело константна додека се сончате.
Кожата најдобро изгледа кога е здрава, но освен со неопходната хигиена и кремите, за неа можете да се грижите и одвнатре, со исхрана чии одредени состојки ќе направат вашата кожа да изгледа поубаво и поздраво да поцрни.
БЕТА КАРОТЕН
Црвената салата доаѓа веднаш зад морковот, следена од диљата, целерот, доматот, лубеницата, кајсиите, јагодите и вишните. Сите овие намирници се богати со бета каротен, кој има антиоксидативен ефект и и помага на кожата да произведува меланин.
Бета каротенот може да се пронајде во сите видови овошје и зеленчук кои се со портокалова или црвена боја.
Конзумирањето на свежи или обработени видови овошје и нивното зачинување со маслиново масло помага при апсорпцијата на бета каротенот.
СЕЛЕН И ВИТАМИН Е
Селенот и витаминот Е ја штитат вашата кожа од создавање на брчки, а можат да се пронајдат во јајцата, пченката, доматот, авокадото и белите сирења.
ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ
Рибата, бадемите и лешниците содржат омега-3 масни киселини, кои се клучни во превенцијата на стареење на кожата.
ВИТАМИН ПП (никотинамид)
Црвеното месо, шкампите, сината риба и џигерот помагаат да ги излечите опекотините од сонцето, бидејќи го содржат овој витамин, додека мешунките и житарките помагаат да ја храните кожата и да ја заштитите од надворешните влијанија.
ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЦИТРУСИТЕ
Запаметете дека треба да ги избегнувате цитруснте овошја, кои содржат витамин Ц кој го одложува вашиот тен.
Избегнувајте ја и храната која содржи многу сол, бидејќи таа предизвикува задршка на водата во организмот.
ПРЕДЛОГ МЕНИ
Совршената комбинација за топлите летни денови би била:
-Микс од овошје со јогурт со малина за појадок
-Ориз со шафран и тиква (80 грама) и грилувани пиперки за ручек (зачинето со маслинов зејтин)
-Некаков вид сина риба (200 грама) со авокадо и домат за вечера со кајсии како прилог.