Дали се согласувате?
Старлета Кејти Прајс, некогаш позната како Џордан, најави дека повторно ќе се слика за “Плејбој“.
Кејти (41) ги потврди на Инстаграм наводите на британските медиуми, кои претходно пренесуваа дека сака повторно да се слика гола поради “незавидната“ финансиска ситуација, долгови, проблеми со законот…Еве како сето тоа Кејти го објасни!
“Пред 20 години се сликав за првпат за Плејбој и се уште сум една од трите дами од Велика Британија кои го направија тоа. Секако дека би се сликала повторно, бидејќи сметам дека сум поубава и позгодна од претходно“, напиша Кејти покрај својата насловна фотографија од 2002 година.
Кејти претходно раскажуваше како, на почетокот на својата кариера како модел, живеела нешто повеќе од месец дена во Плејбој вилата.
Хју Хефнер ме покани да живеам со него и со другите “зајчици“. Бев таму повеќе од месец дена. Не сакав да останам, бидејќи за да останете и бидете негова девојка, мора да го правите “тоа“, а јас за “тоа не бев спремна“, имаше своевремено изјавено.
Кејти во изминатите месеци неколку пати го прекршуваше законот поради поголемо дејство на алкохол. Мајката на пет деца, најави дека ќе се обиде повторно да се врати на музичката сцена со нов албум, а доколку не успее ќе побара поголем хонорар за да се појавува на одредени настани, а сето тоа ќе го постигне преку новата насловна страна на “Плејбој“.